Дончиќ за повредата: Имав среќа што не беше десниот зглоб
– Кошаркарите на Далас беа поразени во третиот натпревар од четвртфиналната плеј-оф серија на Западот од Л.А. Клиперс, но за да се влошат работите за тексашаните, се повреди Лука Дончиќ.
Словенечкиот кошаркар, еден од најдобрите во тимот на Далас, мораше да го напушти теренот на четири минути пред крајот на натпреварот.
Во третата четвртина, во обид да го блокира пробивот на Каваи Ленард во ситуација кога немаше контакт, тој незгодно стапна и го повреди левиот зглоб.
Зглобот му беше бандажиран, тој се врати на теренот на почетокот на последната четвртина, но по само три минути повторно почувствува болка и не можеше да го продолжи натпреварот подоцна.
До тој момент, Словенецот забележа трипл-дабл со 13 поени и по 10 скока и асистенции.
– Ќе знаеме повеќе во текот на денот. Тој сигурно ќе се врати и ќе се обиде да ни помогне, ќе видиме дали неговата состојба ќе се подобри сдо дуелот бр.4. Ако тој не може да биде таму в недела, тогаш барем за петтиот натпревар ќе биде таму, рече тренерот на Далас, Рик Карлајл.
Дончиќ подоцна рече дека станува збор за мало „виткање“.
– Јас малку го свиткав зглобот, не е толку лошо. Имав среќа што тоа беше левиот, а не десниот зглоб, рече Дончиќ, кој по мечот отиде на детални прегледи.
Л.А. Клиперс славеше во третиот натпревар со 130:122 и на тој начин поведе со 2-1 во плеј-оф серијата.
[embedded content]