Донесен е нов закон со кој ќе може да се зема во исто време и пензија и плата

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека можноста за ангажирање пензионери во работен однос „од зачетокот на независноста е барање на работниците и работодавачите“

„За првпат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите, објави денеска Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Работно ангажирано лице согласно овој закон, може да биде: лице кое не е во работен однос; вработено лице; самовработено лице; лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос; студенти; корисник на семејна и старосна пензија, со исклучок на корисници на семејна пензија по основ на неспособност за работа и самостоен живот и странец кој има регулиран престој согласно закон“, изјави тој.
Согласно новото законско решение, луѓето кои ќе бидат ангажирани за работа по некои од овие односи, нема да ги загубат стекнатите права по другите односи, вели Мицевски.

„На овој начин ќе имаме граѓани кои ќе можат дополнително да заработат, држава која ќе наплати повеќе давачки и работодавачи кои ќе можат да ангажираат повеќе работници. За првпат во историјата на Република Македонија се усвои еден ваков закон кој од зачетокот на независноста е барање на работниците и работодавачите“, објави Мицевски.

Back to top button
Close