Донесена одлука за испраќање припадници на Армијата во неколку странски мисии


На денешната владина седница на предлог на Министерството за одбрана се донесени повеќе одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

Припадници на Армијата ќе бидат испратени во НАТО мисијата „NATO Mission Iraq – NMI” во Ирак, во меѓународната операција на ЕУ „АЛТЕА”, во Босна и Херцеговина, во НАТО операцијата „КФОР” во Косово, во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство” (enhanced Forward Presence – eFP ) во Летонија, како и во меѓународната операција на ОН, „УНИФИЛ” во Либан

Back to top button
Close