Донесена владина Уредба за финансирање на ОТА за време на вонредна состојба

 Владата на 71-та седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за електронски комуникации во делот на финансирање на Оперативно-техничката агенција (ОТА), за време на вонредна состојба, а со цел обезбедување континуитет на работењето на Агенцијата во текот на 2020 година.

Уредбата, стои во денешното соопштение од Владата, се однесува за непречено извршување на дејноста на Оперативно-техничката агенција, како и спроведување на надлежностите на Агенцијата за електронски комуникации утврдени во закон.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close