Донесени нови санкции во ЕУ против петмина руски граѓани поради анексијата на Крим

Европската Унија усвои нови санкции против Русија попладнево, соопшти Советот на ЕУ.

Станува збор за рестриктивни мерки против дополнителни пет лица инволвирани во изборите на руската Дума во септември 2021 во Крим кој ЕУ го смета за нелегална анексија.

Овие пет лица ќе бидат предмет на санкции од страна на ЕУ во рамките на постојниот европски режим на санкции. Лицата, членови и лидери на руската Дума и претставници на Руската Федерација во Крим, се обвинети дека активно ги поддржувале политиките кои го поткопуваат суверенитетот, интегритетот и независноста на Украина.

Европската Унија уште еднаш ја повтори својата недвосмислена поддршка за територијалниот интегритет на Украина на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ на кој учествуваше украинскиот министер за надворешни, Дмитро Кулеба.

Вкупно 193 лица и 48 ентитети се предмет на санкции на ЕУ поради загрозување на интегритетот на Украина. Санкциите се состојат од замрзнат имот, забрана да им се ставаат фондови на располагање и забрана за влез или транзит низ ЕУ. 

Back to top button
Close