Дополнителна казна за Ѓоковиќ

– Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е казнет со вкупно 17.500 долари, објавија организаторите на УС Опен.

Србинот е казнет по две основи. Првата казна е 10.000 долари за неспортско однесување кога со топка удру линиски судија, за што беше дисквалификуван.

Втората казна е 7.500 американски долари бидејќи тој не дошол на прес-конференција.

Претходно, на Ѓоковиќ му беше одземена парична награда од 250.000 долари, која ја заработи влегувајќи во осминафиналето.

Back to top button
Close