Дополнителни 2,5 милијарди или 15 % раст на БДП, доколку вработеноста на жените е иста како кај мажите Национална конференција на ХЕРА за унапредување н родова еднаквост во земјата

„Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, мотото на завршната конференција од од проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, во организација на ХЕРА, со поддршка на Британска амбасада.

За Економски придобивки од родовата еднаквост зборуваше Бранимир Јовановиќ од Виенски институт за интернационални економски студии, Австрија кој рече дека е голема дискрапанцата помеѓу мажите и жените коишто работат.
Проценките за макроекономските ефекти по БДП покажуваат дека ако вработеноста на жените е иста како кај мажите во Македонија, тоа ќе даде дополнителни 2,5 милијарди евра во БДП, односно пораст на БДП за 15 %. Растот од 15 % БДП всушност е економскиот раст кој го има постигнато државата во изминатите 8 години, што укажува колку се значајни придобивките од постигнувањето на родовата еднаквост.
„Околу 53 %, односно повеќе од половина од мажите што можат да работат работат. Кај жените процентот е многу понизок само 38 %. Грубо кажано секоја трета жена што може да работи работи, а кај мажите секој втор маж работи. Огромен јаз има и во економската структура помеѓу мажите и жените. И тие релативно мал број жени коишто работат во државата заработуваат многу помалце од она што го заработуваат мажите, односно постои родов јаз во платите и изнесува 16 %. Ако споредите жена и маж што работат иста работа ќе видите дека жената е платена помалце од 84%. Овој родов јаз постои и во Европа, но изнесува 12%“, рече Јовановиќ.
Елизабета Божиноска, Програмска директорка, ХЕРА рече дека 93% од граѓаните потврдуваат дека постои родовата нееднаквост во државата, од кои 64 % сметаат дека таа е реален или потценет проблем Дополнителнодури 60 % од граѓаните препознаваат колку е важна родовата еднаквост како вредност во интегративните процеси на земјата со ЕУ. Таа ги истакна наодите од пилотирањето на алатката РЕСИ – родовата еднаквост и социјална инклузија на Законот за детска заштита и клучните препораки за поголема активација на жените на пазарот на трудот поврзани со овој Закон: подобрен пристап до градинки и установи за згрижување на деца во предучилишна возраст и други алтернативни форми за згрижување на деца ,искористување на неактивниот/ невработениот дел на популациајта во услугите за грижа и нивно вклучување во платена работа, отворање на детски градинки во состав на правни лица во јавни институции, приватен и граѓанскиот сектор.
Милка Димитровска, професорка од Институт за социолошки и политичко-правни истражувања која ја презентираше студијата за перцепциите и ставовите на граѓаните за родовите прашања. Таа истакна дека кога станува збор за обесправеноста на жените 87% препознаваат дека жените се најопесправена група, а од трите сектори кадешто жените се најмногу дискриминирани покрај политиката влегуваат обезбедувањето на социјални услуги и пазарот на трудот.
Во однос на перцепцијата за професии 71,3 % од граѓаните сметаат дека и мажите и жените се подеднакво способни да ја работат било која работа. Но, се уште постојат стереотипи така што половина од граѓаните рекоаа дека ризичните работи не се жаните, додека 30 % се изјаснија дека негувателските професии не се мажите“, рече Димитровска.
Мери Терзиева, Извршна директорка од Дом за стари лица – Идила Терзиева, истакна дека пропорцијално треба да растат услугите поврзани со грижата на деца и на стари лица ако сакаме да имаме поголема застапеност на жените на пазарот на трудот. Исто така таа побара мерките поврзани со родовата еднаквост да имаат континуитет во нивното спроведување, бидејќи често се селучува мерките што биле воведени да се укинат.
Сите учесници преку инспиративни говори и конструктивна дискусија се осврнаа на важноста на креирање политики што произлегуваат од реалните потреби на жените, како и на потребата од промена на јавните ставови за да се постигне долготрајна трансформација на општеството за унапредување на родова еднаквост.
Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

Back to top button
Close