Дополнителни 400 денари за предадено јагне во кланични капацитети и 1.500 денари за задржано женско јагне
Владата донесе Одлука со која ќе се исплаќаат дополнителни 400 денари за предадено и заклано јагне во кланични капацитети. Со мерката, како што соопшти Министерството за земјоделство (МЗШВ), се опфатени 3600 земјоделски сточарски стопанства кои имаат предадено во кланични капацитети околу 190.000 јагниња.
Се зголемува и финансиската поддршка за задржано женско јагне, од досегашните 700 денари на 1.500 денари по грло.
-Владата на седницата одржана на 02 април 2020 ја усвои Уредбата за изменување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година. Со измените на оваа Уредба, се зголемува финансиската поддршка за сточарите одгледувачи на овци, за задржано женско јагне од досегашните 700 денари на 1.500 денари по грло. Владата ја донесе ваквата одлука поради новонастанатата состојба и проблемите со откуп на јагне, поради здравствено-економската криза предизвикана од глобалната пандемија од коронавирусот. После пописот на овците се виде цилисходноста на оваа мерка, наведва МЗШВ.
Според МЗШВ, годинава се оставени 167.000 јагниња за приплод, што е зголемување за 45.000 од лани кога беа оставени 123.000 женски грла