Дополнителниот армиски тим пристигна во Каранманмараш

Дополнителниот армиски состав од 36 припадници денеска во претпладневните часови пристигна во Каранманмараш каде се приклучи во активностите за пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеани во земјотресот во Турција.

Од Армијата информираат дека првиот армиски тим, кој веќе три дена се наоѓа исто така во Каранманмараш, непрекинато ги извршува задачите заедно со останатите спасувачи со цел спасување на човечки животи.

Back to top button
Close