Дополнително олабавување на мерките во Грција – дозволено организирање концерти и конференции  

Од денеска започнува осмата фаза на укинување на рестриктивните мерки во Грција и постепеното враќање во новата нормалност со отворање на камповите за деца, дозволено организирање концерти и конференции, но и одржување претстави и културни манифестации, јави дописничката на МИА од Атина.

Дополнително, се отвораат и кината што работат во текот на целата година, како и казината и жичарите во цела Грција.

Сите ќе работат со посебни правила и протоколи, а според грчките медиуми, на културните манифестации и концертите сите треба да седат, да има по едно празно место, односно исполнетост до 75 отсто од капацитетот, задолжително носење маска при влезот и излезот.

Празно место меѓу седиштата треба да има и во кино салите што ќе работата со 65 проценти од капацитетот, нема да има пауза, а маската е задолжителна за вработените.

Во казината, според медиумите во Грција, на масите предвидени за седум лица, дозволени се три или четири лица.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close