Дополнувањето на собранискиот Деловник в понеделник на седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

Претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно – имунитетни прашања Панчо Минов за в понеделник закажа седница на која треба да се разгледуваат евентуалните пристигнати амандмани за дополнувањето на Деловникот за работа на законодавниот дом, што се носи по скратена постапка, а со којшто ќе се овозможи онлајн изјаснување на пратеници со Ковид-19 и во изолација.

Потребата за донесување на Предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието беше изгласана со 61 глас „за“ и без присуство на опозицијата на денешната 22. пленарна седница.

Предлогот за дополнување на Деловникот го поднесе претседателот на Собранието Талат Џафери, кој и денеска на средба со новинарите потенцира дека се однесува само на пратеници кои ќе имаат решени за изолација поради Ковид-19.

Back to top button
Close