Досега до Град Скопје пристигнаа 2.301 онлајн апликации за субвенции за набавка на инвертери

 Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери на Град Скопје поднесени се 2.301 апликации, а остануваат средства за уште околу 2.700 барања.

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот, како што соопшти Градот, ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари 2020 година, до завршувањето на повикот на 30 ноември 2020 година или до денот на исцрпување на средствата.

На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62 илјади денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување на линкот.

Back to top button
Close