Дошол да гледа НБА меч, па силувал девојка во тоалет – ново обвинување за Конор МекГрегор

 

Еден од најпознатите ММА борци на сите времиња, Конор МекГрегор, е осомничен дека силувал девојка за време на кошаркарски натпревар во НБА лигата.

Тоа е финалето меѓу Мајами и Денвер на 9 јуни 2023 година, при што МекГрегор ја удри маскотата на средината на теренот. Обвинувањата се дека наводно силувал неименувана девојка во машкиот тоалет.

Таа го пријавила за сексуално насилство, обвинувајќи го обезбедувачот на Мајами Хит кој не направил ништо повеќе во салата за да го спречи насилникот од Ирска да изврши кривично дело.

Ова не е првпат МекГрегор да биде обвинет за обид за силување, а претходниот пат беше прогласен за виновен, но сепак избегна затворска казна.

Back to top button
Close