Доставена петиција до Град Скопје за „зачувување на МКЦ“: „Борбата не престанува“

Од движењето „Сите за МКЦ“ денеска соопштија дека треба сите директно да го изразат незадоволство поради тоа што се случува со МКЦ, односно на тие кои ја држат судбината на Младинскиот културен центар во нивните раце – советниците на Град Скопје.

Тие објавија јавно писмо и побараа секој граѓанин да го испрати на мејл адресите на советниците.

Целта е да се покаже континуираното незадволство со одлуките на Град Скопје како и континуираната подршка за МКЦ од страна на граѓаните.

 

Back to top button
Close