Доверливи документи од предметот за Онишченко објавени на интернет, обвинителството го следи последниот пробив во АНБ

 

Документ со потпис на началникот Јовче Ременски, кој што е дел од досието за државјанството на Олександр Онишечнко и е класифициран како доверлива информација се појави на фејсбук. На документот стои дека лани на крајот на ноември, Секторот за спротивставување на тероризам и насилен екстремизам на АНБ до Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар испратиле одговор за Онишченко во кој е наведено дека Секторот не располага со материјали од противуставен и криминално штетен карактер.  Ова е уште еден пробив во документи на АНБ, но за него се заинтересира и обвинителството иако никој не го пријавил кај нив.

,,Јавното обвинителство ги следи сите информации и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело во настанот, ќе постапи согласно своите законски надлежности. До овој момент не е поднесена пријава до јавното обвинителство“, соопштуваат од таму.

Според информациите на Телма, отворањето на скандалот за Онишченко во моментот се користи во препирките внатре во АНБ за борбата за нов директор. Премиерот кој треба да го предложи наследникот на директорот Виктор Димовски вчера рече дека за 24 дена ќе биде избран нов директор поради веќе усогласениот избор на Димовски за амбасадор во Франција. За случајот Онишченко веќе се подготвени две суспензии во АНБ во одделот за безбедносни проверки кој треба да се координира со земјите членки на НАТО поради лажирање на проверка. До 15-ти декември тече рокот што Ковачевски сам си го постави, а во игра за нов директор на АНБ досега имало 7 кандидати. Тројца се актуелни началници во АНБ, чие евентуално назначување сега зависи од нивната улога и нивните пропусти во скандалот Онишченко. Кандидати има и од МВР, жена функционер и долгогодишен началник во голем сектор на јавната безбедност. Последните двајца кандиадти за нов шеф на АНБ се професори од Факултетот за безбедност. Лобирањата траат со недели, а Онишченко само дополнително ги ражести тие внатре-разузнавчаки битки.

 

Back to top button
Close