Довжан: Постои надеж за решавање на прашањето меѓу Скопје и Софија

Словенечкиот државен секретар за надворешни работи Гашпер Довжан по вчерашната седница на шефовите на дипломатиите на Европската унија, запрашан од новинарите дали на министерската дебата Бугарија можеби се откажала од своето противење за отворање преговори со ЕУ со Северна Македонија, изјави дека постои надеж дека ова билатерално прашање може да се реши меѓу Скопје и Софија. Тој посочи дека станува збор за „кредибилитетот на ЕУ и на самиот процес на проширување“.

Довжан и европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс на прес конференцијата изјавија дека многу министри го поддржале отворањето на преговорите со Скопје и Тирана. Довжан исто така изјави дека на состанокот било оценето оти Србија постигнала напредок, но и дека треба допрва да преземе дополнителни чекори, како што се уставните реформи, па дека во декември може да очекува отворање на некој нов кластер во преговорите.

Back to top button
Close