Доживејте ја магијата со новите Samsung OLED и QLED телевизори што го менуваат домашното кино

Домашната забава никогаш не изгледала подобро! За тоа се погрижи Samsung со своите фантастични и иновативни ТВ уреди кои внесуваат ултра-модерено секојдневние во вашиот дом.

Да го земеме како пример новиот 65-инчен OLED S95F 4K Samsung Vision AI Smart TV, со кој вистинското кино влегува во вашата дневна соба. Совршената комбинација на технологија и дизајн кај овој овој модел ви носи сцени што изгледаат неверојатно живо, со длабоки црни тонови и бои што светат во милиони нијанси. Благодарение на OLED Glare Free технологијата, заборавете на одрази од надворешна светлина на екранот и непријатни рефлексии – сликата останува чиста и магична, без разлика дали гледате навечер или во сончев ден.

Срцето на телевизорот е најновиот NQ4 AI Gen3 процесор кој користи вештачка интелигенција за да ја претвори секоја сцена во ремек-дело: подобар контраст, поприродни бои и неверојатна јасност. Вашите омилени серии и филмови добиваат сосема нов сјај – со 4K AI Upscaling Pro изгледаат поприродно, поостро и поблиску до кино-искуство. А за љубителите на гејмингот – S95F е вистинска машина со 165Hz освежување, VRR и Dolby Atmos звук што буквално ве става во средиштето на акцијата.

Но Samsung не застанува тука. Сакате да запловите во светот на вистинското филмско доживување? Samsung QLED Q8F 65″ 4K Vision AI Smart TV е вистинскиот избор за тоа — елегантен и моќен телевизор создаден за љубителите на живописна слика и интуитивно искуство. Со Q4 AI процесор и Quantum HDR+, секоја сцена добива нова димензија и доживување со извонредна чистота, контраст и длабочина, дури и кога содржината е од поблага резолуција. Овој модел пренесува преку милијарда бои – благодарение на 100 % Color Volume со Quantum Dot технологија, спречувајќи избледување дури и во најсветлите делови од сликата.

Исклучително тенок и стилски, AirSlim дизајнот го трансформира телевизорот во вистински ѕиден украс додека One UI Tizen интерфејсот, поддржан со Samsung Knox, нуди персонализирано и безбедно смарт искуство, поврзано со вашиот паметен дом.

За страствените гејмери, Q8F нуди Motion Xcelerator, Auto Game Mode (ALLM) и целосен арсенал на гласовни асистенти и проследување на SmartThings уреди — сè во име на беспрекорно забавување.

SmartThings за паметно управување со домот

И не заборавајте, со користење на добро-познатата платформа SmartThings на вашиот Samsung телевизор значително се подобрува севкупното искуство кое ви, овозможува да управувате не само со телевизорот, туку и со други паметни уреди во вашиот дом. Со

SmartThings можете лесно да го контролирате телевизорот, да преминувате помеѓу апликации, да ја следите работата на останатите поврзани паметни уреди во вашиот дом.

Специјални промоции за љубителите на големи екрани!

Сега е вистинскиот момент да го надградите вашето домашно кино. При купување на селектирани Samsung телевизори од 65 инчи или повеќе, ве очекуваат извонредни подароци што ќе ви го збогатат секојдневието. Изберете го вашиот омилен модел и добијте Galaxy Tab S10 FE или Galaxy Tab A9+ – совршени придружници за работа, учење или забава во движење.

Не ја пропуштајте оваа уникатна промотивна понуда да уживате во спектакуларно голема слика дома и добиете премиум Samsung таблет како подарок! Побрзајте, промоцијата трае ограничено време до 31.08.2025.

Како бонус промоција, можете да добиете и дополнителни 3 години гаранција на вашиот нов ТВ уред, со што гаранцијата која ви следува е 5 години (2 години редовна + 3 години дополнителна гаранција).

 

 

Back to top button
Close