Доживеал психичка ,,тортура“: Панчевски по вторпат побара од Апелација да биде ослободен

Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, денеска по вторпат од Апелациониот суд Скопје побара да биде ослободен од вина за случајот со незаконска распределба на предметите. Беше осуден на три и пол години затворска казна.

Се пожали дека доживеал психичка тортура, притоа тврдејќи дека предметот против него е конструиран.

Вишото обвинителство пак побара од Апелација да ја потврдат пресудата од три и пол години затвор. Панчевски е првостепено осуден дека како претседател на скопскиот кривичен суд делел на рака судски предмети на подобни судии, наместо тие да бидат распределени компјутерски по автоматскиот Акмис систем.

Back to top button
Close