Доживотна казна затвор за тројцата кои го гонеа и убија Ахмад Арбери

Суд oд градот Брунсвик, Џорџија, синоќа донесе пресуда за тројца бели мажи кои извршија прогон и убиство на  Афроамериканецот Ахмад Арбери од Џорџија. Тројцата добија доживотна казна затвор, двајца од осудените, Грег и Тревис Мeкмајкл, татко и син, пресудата е без право на условнопредвременo ослободување.   

Лани во ноември судска порота ги прогласи сите тројца за виновни а по различни обвиненија, вклучувајќи убиство, оружен напад и обид за ограничување на индивидуалната слободо.  

Таткото и синот (на 66 и 35 годишна возраст) го започнаа инцидентот лани во февруари кога во своето соседства организирале вооружен прогон по 25 годишнот Арбери кој бегал по улицата. На таткото и синот им се придружил 52 годишниот Вилијам „Роди” Брајан, нивни сосед, кој го снимал трагичнион настан, вклучувајќи го и клучниот момент кога Травис Мекмајкл стрелал во Арбери од сачмарка по што настапила смртта на момчето. 

Пред да биде донесена пресудата синоќа, сестрата и мајката на Арбери во емоционални обраќања го повикаа судот да донесе максимално сурова пресуда. 

Обвинителката, Линда Дуниковски изнесе интересен детаљ во врска со Вилијам Брајан, кој направи видео од убиството. На почетокот, тој снимката ја предал на својот адвокат а со намера да избегне казна. Покрај тоа, во текот на инцидентот тој со себе не носел оружје. Но судот го призна за соучесник во убиство, по што Брајан, како и таткото и синот, доби доживотен затвор, но со можност после 30 години одлежана казна да побара помилување, бидејќи тој се покаја за направеното злодело и во текот на истрагата соработуваше со полицијата. 

Адвокатите на осудените веќе изјавија дека одлуката на судот не ја прифаќаат и ќе ја дадат на апелација, на што според законот имаат 30 денови. 

Процесот над тројцата не е завршен, идниот месец окружен суд треба да разгледа нови обвиненија подигнати против за злосторство направне врз основа на омраза. Селекцијата на поротници за тој процес стартува на 7 февруари.

Back to top button
Close