ДПА: Полската опозиција ќе го оспори резултатот од неделните претседателски избори

Најголемата полска опозициска партија – Граѓанска платформа денеска и официјално ќе побара неодамнешните претседателски избори да бидат прогласени за неважечки заради употребата на државните ресурси во кампањата на претседателот Анджеј Дуда, јави ДПА.

-Самото гласање можеби се одвиваше добро, но околностите, вклученоста на јавните финансии, вклученоста на јавните медиуми, предизвикаа изборите да не бидат на рамномерно ниво, изјави денеска лидерот на центристичката партија Граѓанска платформа (ПО), Борис Будка .

„Изборите не беа фер“, додаде тој.

Граѓанската платформа денеска треба да поднесе изборен протест до полскиот Врховен суд, додава германската агенција.

-Ако гласно не укажаме на нерегуларностите следните избори ќе бидат уште полоши, рече Будка.

Рафал Трасковски, градоначалникот на Варшава и заменик претседател на Граѓанската платофрма, на вториот круг од изборите, во неделата, загуби од Анджеј Дуда со два процентни поени.

Изјавата на Будка е во согласност со оценката направена од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која претседателските избори ги оцени како „добро организирани и покрај празнините во регулирањето на сите важни аспекти“, пренесе ДПА. сд/

Back to top button
Close