ДПИ го затвори луна паркот на бул. „Борис Трајковски“, забранета е работата на вакви паркови во моментов
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/06/dpi-go-zatvori-luna-parkot-na-bul-boris-tra-kovski-zabraneta-e-rabotata-na-vakvi-parkovi-vo-momentov.jpg)
Директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски, на денешната прес-конференција, во одговор на прашање рече дека луна паркот е затворен од нивна страна, бидејќи е забрането вакви луна паркови да работат сега.
– Луна паркот има уредно издадена дозвола, но забранета е рабоата на луна парковите сега. Истиот е затворен во петокот или саботата, а од нивна страна било кажано дека не знаеле дека не смеат да работат, истакна Пауновски.