ДПИ: Сите инспектори се на терен!

„Во моментов сите инспектори во државата се на терен за утврдување на фактичка состојба и контрола на грамажа и цена на лебот по вчерашната одлука на Владата“ информираат од ДПИ најавувајќи повеќе информации во текот на денот.

Утрово најголемите пекарници не доставија полубел и бел леб откако вчера Владата донесе одлука за замрзнување на цената на овие производи на 33 денари.

Сепак, дел од пекарниците ја почитуваат одлуката на Владата. па во одредени делови на државата денеска можеше да се најде леб по цена од 33 денари.

извор: 24инфо

Back to top button
Close