ДПИ вчера изрече санкции од речиси 1,2 милиони денари за непочитување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на вчерашниот ден изврши над 60 надзори на цела територија на државата за почитувањето на владината одлука за ограничување на профитната маржа на основните прехранбени производи и нивно означување со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ при што издаде осум прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек.

Како што информираат од ДПИ, денеска се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало.

-Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна Македонија. Напоменавме и во текот на вчерашниот ден, дека толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката, велат од Државен пазарен инспекторат.

Со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки се врши ограничување на профитните маржи до 10 отсто на околу 70 основни прехранбени производи поради што се очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто.

Back to top button
Close