ДПИ за утре најавува контроли дали се почитува владината одлука за неработен ден

Од ДПИ велат дека работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најавува дека во текот на утрешниот ден ќе има дежурни пазарни инспектори кои на терен ќе вршат контроли дали од страна на работодавачите се почитува владината одлука за неработен ден.

„Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно заклучокот на техничката Влада донесен на 16 април 2024 година, деновите 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат“се наведува во известувањето од Државниот пазарен инспекторат.

Од ДПИ најавуваат дека контроли на дежурните пазарни инспектори ќе има и на 8 мај, на денот на парламентарните избори.

Back to top button
Close