ДПМНЕ е гнездо и засолниште на дилери со дрога, тие се опасност за децата“, велат од СДСМ

Мицкоски и ДПМНЕ, наместо да се грижат за безбедноста на нашите деца и млади, стануваат засолниште на дилери со дрога. Време е Мицкоски да понесе одговорност и да каже конечно која е неговата улога и што договара со дилери“, соопшти СДСМ.

„Не можат од ДПМНЕ да ја лажат јавноста дека фотографиите со дилери на дрога се случајност, особено што не станува збор за еден, туку за три случаи.

ДПМНЕ е ризик за безбедноста, но СДСМ тоа нема да го дозволи. Граѓаните сакаат мир и безбедност, сигурна иднина за нивните деца.

Додека е СДСМ на власт може да бидат сигурни дека ревносната борба против дрогата ќе продолжи“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Back to top button
Close