Др Кедев не прифатил да трча за градоначалник на Скопје?

Кардиохирургот проф.др Сашко Кедев познат и како против кандидат на Бранко Црвенковски во трката за председател на државата
според партиски извори деновиве добил понуда од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски на престојните локални избори да се бори за градоначалничката фотеља на Скопје. Изборот Кедев да биде кандидат за раководството на партијата е потег во рамките на желбата и најавите дека со кандидати авторитетни личности без флеки во нивното SV ке атакуваат на сигурна победа пред се во главниот град на дрзавата. Сепак според неофицијални партиски извори др Кедев се заблагодарил образложувајќи дека наводно позицијата градоначалник не му е предизвик имајки предвид дека своевремено тој од ВМРО ДПМНЕ трчаше за позицијата шеф на државата. Доброупатени извори велат дека и покрај тоа што медиумите повикувајќи се на изјава на лидерот Мицковски веќе го прогласија бившиот градоначалник на Скопје Коце Трајанов како вмровски противкандидат на сегашниот градоначалник Шилегов во трката есенва на локалните избори, објаснуваат дека сеуште нема конечна одлука и дека раководството сепак преферира друга личност за кандидат за градоначалник но дека сепак на крај анкетите ке го одредат Вмровскиот адут за градоначалник на Скопје.

 

 

Back to top button
Close