Драги Рашковски задржан на „Богородица“ со непријавени 20.000 евра?

Поранешниот генерален секретар на Владата во времето на Зоран Заев, Драги Рашковски, бил задржан на јужната граница при обид да внесе готовина во висина од 20.000 евра на грчка територија, објави Вечер.

При детална контрола на возилото, царинските служби пронашле пари за кои Рашковски немал соодветна потврда ниту истите биле пријавени согласно законските прописи. Дел од сумата, која надминува дозволен лимит, е одземенa, а тој во моментот е задржан на преминот „Богородица“.

Институциите досега немаат излезено со официјално соопштение за конкретниот случај, ниту пак се огласил самиот Рашковски.

Инаку, Рашковски во првостепена постапка, заедно со уште шест лица, беше осуден на затворски казни од три до осум години во предметот „Софтвери“, кој се однесува на злоупотреби со јавни набавки.

 

Back to top button
Close