Драма на автопатот Гостивар – Тетово: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги истепале

Ноќеска во 02:00 часот во СВР Тетово од слобода се лишени Б.Ш.(24) И.И.(28), А.И.(27) и Ф.И.(24) сите од с.Боговиње, тетовско.
По претходна пријава во СВР Тетово дека околу 01.00 часот на автопат Гостивар – Тетово во близина на клучка Камењане, додека А.А.(28) од с.Пирок се движел со патничко возило ,,бмв” со швајцарски национални ознаки во кое како совозач бил Р.Ј.(28) од с. Пирок, тетовско позади нив се движело патничко возило ,,пасат” со тетовски регистерски ознаки управувано од И.И. од с. Боговиње, кој им пуштил светлосни ротации а потоа ги престигнал и им го пресекле патот.
Од возилото излегле приведените лица кои физички ги нападнале А.А. и Р.Ј.. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Извор: 4news.mk






