Драма над Курск: Хеликоптер во кој бил Путин се нашол сред масовен напад на украински дронови

Хеликоптерот на рускиот претседател Владимир Путин беше нападнат од украински беспилотни летала за време на посетата на Курск, изјави командантот на руската дивизија за воздушна одбрана, Јуриј Дашкин.

Тој за руската телевизија „Русија 24“ изјави дека Путин бил во посета на Курската област на 20 мај и се сретнал со локалните власти, но потоа неговиот хеликоптер се нашол во центарот на нападот на украински беспилотни летала.

Дашкин рече дека нападот бил одбиен, а руската армија успеала да ја сочува безбедноста на Путин, пренесува РИА Новости.

Back to top button
Close