Драма во Велешка Бабуна: Татко му се заканувал на синот и снаата со ловечка пушка, на крај тој бил натепан

На 31.12.2022 околу 00.00 часот во Полициската станица Велес било пријавено дека во и пред викенд куќа на место викано „Бабуна“, велешко, по претходна расправија, Р.Н.(65) со ловечки карабин „Црвена Застава M – 70“ калибар 8×57, му упатувал закани на неговиот син Б.Н.(29) и неговата снаа А.Н.Н.(25), по што испукал еден куршум во воздух, а потоа Р.Н. се обидел физички да го нападне Б.Н. но тој му ја одземал пушката и физички го нападнал Р.Н..

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close