Драма во златарница во Скопје: Таа му украла златен предмет, а пак продавачот ја истепал

17.11.2022 во 13.40 часот на подрачјето на Бит Пазар-Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Р.А.(37) од Скопје. Таа се сомничи дека претходно од златарница на подрачјето на Бит Пазар одзела златен предмет. Во врска со случајот, Р.А. пријавила дека околу 13.00 часот во златарницата била физички нападната од продавачот Н.А.(60) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Back to top button
Close