Драматични сцени во Кичево: Евакуирани неподвижни лица, мештаните ги спасуваат и животните

Драматични сцени се одвиваа во Кичево по обилните врнежи и излевањето на реката.

Screenshot

Службите интервенираа за извлекување на неподвижни и тешко подвижни лица од поплавените домови, додека мештаните паралелно се обидуваа да ги спасат и своите животни.

Една од снимките кои се направени сведочи како жител се обидува да го спаси своето куче-миленик кое од еден го преместува во друг објект на повисок кат.

Жителите посочуваат дека состојбата таму и натаму е драматична, додека пак, претходно, беше објавено дека се евакуирани 180 лица.

 

Back to top button
Close