Драматично последно коло во Франција, Лил со победа ќе ја прекине доминацијата на ПСЖ

Една од најнеизвесните трки за шампионската титула во последните неколку години во Франција вечерва ја има својата завршница, во која Лил со победа ќе ја прекине доминацијата на ПСЖ.

Лил влегува во последното коло со 80 бодови, еден повеќе од  бранител на трофејот ПСЖ на второто место.

И двата претенденти за трофејот гостуваат вечерва од 21 часот, Лил на Анжер, додека ПСЖ на Брест.

Лил со победа ќе ја освои четвртата шампионска титула во клупската историја, прва по пауза од една деценија, и ќе стави крај на долгогодишната доминација на ПСЖ во францускиот фудбал.

Клубот од Париз има три последователни титули и вкупно седум во последните осум сезони.

Теоретски шанси за титулата има и третопласираниот Монако (77), во случај на победа над Ленс и порази на Лил и ПСЖ

Back to top button
Close