Драмски театар доделува награда „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад драмски автор Драмски театар

НУ Драмски театар, Скопје (ДТС), денес на 27 април, денот на роденденот на драмскиот автор Горан Стефановски, ја востанови наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30-годишна возраст кој ќе се избира по пат на јавен конкурс.

-Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар, и воедно се проширува заложбата на ДТС за афирмација на македонските млади автори и македонското драмско писмо, велат од театарот.

 

 

Стефановски како млад драмски автор со драмските дела „Јане Задрогаз“ и „Диво месо“ во соработка со ДТС постигна успеси за паметење. За временската рамка во која ќе се одвива конкурсот и пропозициите од истиот, јавноста ќе биде дополнително информирана.

ДТС ќе партиципира и во Фондацијата „Горан Стефановски“ основана со одлука на УКИМ под иницијатива на Факултетот за драмски уметности. И ќе земе активно учество во реализацијата на програмските активности на истата.

Back to top button
Close