Драмскиот театар ќе изврши привремена санација на покривот
Драмски театар во Скопје информира дека поради протекувањето на покривот, ќе се обиде да изврши привремена санација на местата каде што протекува, а во меѓувреме театарот ќе продолжи со проби. Претстави ќе може да се играат само на малата сцена во театарот.
– По темелна проверка на целокупната документација за санација на покривот направена во 2018 година и разговор и консултација со тогашниот технички директор, констатирано е следното: Заменета е целокупната покривна површина на теaтарот освен страничните ѕидови на кулата. Во договорот склучен со фирмата која е изведувач на санацијата на покривот, стои гарантен рок од 12 месеци, соопштија од Драмскиот театар.
Сепак, како што се посочува во соопштението, за подолготрајно решение потребен е поголем градежен зафат со целосна реконструкција, а не санација, за што се потребни поголеми финансиски средства.
– Додека не се заврши привремената санација театарот ќе продолжи со проби, а претстави ќе може да се играат само на малата сцена во театарот, соопштија од театарот.