Дранговски: Ќе почекаме да видиме дали правдата е задоволена, но во оваа фаза сработеното со „Таргет-тврдина“ е за пофалба

Претседателот на Македонското здружение на млади правници, Зоран Дранговски, во емисијата „360 степени“, дебатирајќи на тема за денешната пресуда за случајот „Таргет-тврдина“ вели дека ова е најголемиот случај што се работел во македонските судови од независноста на земјава и она што е сработено од страна на судиите е за пофалба.

Тој вели дека во ваков случај каде имаше околу 200 сведоци и голем број обвинети, немало ниту серизони повреди на правата на тие обвинети, што дополнително укажува на ефикасно спроведен процес.

„И самите судии при прогласувањето на пресудата кажаа дека ова е еден од најголемите случаи кои се работеле од независноста на земјата до денес. Треба да им се честита на судиите што успеаја еден ваков комплексен случај да го доведат до самиот завршеток и да видиме пресуда за лицата кои се обвинети…Но, за да кажеме дека ‘Justice Is Served’ или она што Американците го имаат како најважен постулат ќе треба уште малку да почекаме. Меѓутоа, во оваа фаза тоа што е направено е навистина за пофалба“,рече Дранговски.

Back to top button
Close