Драстичен пад на рубљата – Русите панично вадат пари

Националната валута на Русија падна за речиси една четвртина што е рекордно ниско ниво, откако Групата Г7 воведе остри финансиски санкции за да го казни претседателот Владимир Путин за неговата инвазија врз Украина.

Според Блумберг, рубљата денеска падна на 114 за еден американски долар, а изнесуваше 83,7 на крајот на минатата недела.

Вредноста на руската рубља утрово драстично падна. Рускиот весник Новаја Газета објави видео на кое Русите во Москва чекаат во редици за да подигнат пари од банкомати

Централната банка на Русија нагло ја зголеми основна стапка од 9,5 на 20 отсто во очајнички обид да го ослабне падот на рубљата. Комерцијалните банки на интернет нудеа многу пониски стапки, помеѓу 120 и 140 рубли за долар, според „banki.ru“.

Рубљата изгуби околу 40 отсто од својата вредност од крајот на октомври, кога Русија започна масовно трупање на војници на границата со Украина.

Г7 во текот на викендот објави дека ќе ја санкционира руската централна банка и ќе исклучи неколку нејзини најголеми финансиски институции од глобалниот систем познат како „SWIFT.“

Санкциите ја попречуваат способноста на Централната банка да ја заштити рубљата со продажба на нејзините резерви во валутите на државите на групата Г7. Објавата предизвика страв кај Русите, кои викендов чекаа во редици за да подигнат пари и да разменат рубљи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close