Дредпен се извини за графитот под мозаикот на Чемерски

Уметникот Дредпен се извини за графитот под мозаикот на Чемерски во Маврово. Неговата реакција ви ја пренесуваме во целост:

Известување за мозаикот на Глигор Чемерски на Старо Бачило во Маврово. Јас, Dreadpen, како изведувач на графитот на фонтаната под мозаикот (кој остана во оригинална форма) јавно се извинувам до авторите на ова дело. Како артист сум најмен со договор од Ресорт Маврово за изведба на дело/графит, за кој пред изведбата не ми се пренесени информациите во однос на сопственоста на фонтаната како дело, и дали Ресорт Маврово има или нема дозвола за изведбата. Јас преземам лична одговорност за мојата незапознаеност со овој сензитивен дел. Со договорот никаде не е наведено на било каков начин дека Ресорт Маврово требал да обезбеди дозвола за истото. Доколку е потребно би помогнал да се врати делото во првобитната состојба, кое и покрај тоа што е тешко, има прифатливи начини. Целосната одговорност за оваа постапка ја има Ресорт Маврово, каде и на Dreadpen како бренд e нанесена штета. За крај изразувам огромна почит кон делото и исклучително жалење за настанатата ситуација.

Back to top button
Close