„Дрисла“ со нов директор — поранешниот градоначалник на Сопиште ја презема функцијата
Депонијата „Дрисла“ доби нов прв човек: поранешниот градоначалник на Општина Сопиште, Стевче Трпковски, ја превзема директорската позиција, информираа од Град Скопје.

Паралелно со ова кадровско решение, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изврши промени и во уште едно градско јавно претпријатие. На чело на „Градски паркинг“ е поставен Владимир Кроневски од Демократскиот сојуз, кој до сега го водеше „Службен весник“.
Кроневски не е ново име во ова претпријатие — во времето на градоначалниците Коце Трајановски и Петре Шилегов работеше како раководител на секторот паркиралишта, а подоцна и како помошник-директор.






