Дру Баримор ја обожава сопругата на својот поранешен сопруг

Американската глумица Дру Баримор вели дека ја обожава новата сопруга на нејзиниот поранешен сопруг Вил Копелман – Александра „Ели“ Михлер.

– Таа знае дека апсолутно ја обожавам земјата по која оди и јас сум нејзиниот најголем обожавател. Имам само чувство дека добив на лото со неа. Верувам дека ова е вистинско чудо!, истакна Баримор во интернет-емисијата на Дакс Шепард.

Михлер и уметничкиот консултант Копелман се венчаа кон крајот на август, во клубот „Санкати хед“ на плажа покрај море во Нантакет, Масачусетс, САД.

– Вечераме со децата, заедно славиме родендени… Планираме заедно да одиме и на егзотично патување. Вил и јас повторно ги откриваме нашите нови патишта, полека и на прекрасен начин, со почит, вели Баримор.

Таа и Копелман имаат две ќерки: Олив (9) и Френки (7). И двете беа деверици на венчавката на нивниот татко.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close