(Друга) Влада на Заев
Што може да се очекува од новата Влада? Како и обично, од гледна точка на политичката програма, нејзиниот пат е веќе трасиран кон ЕУ и западната дипломатија – нејзината главна задача ќе биде исполнување еу-стандардите. И од тука судбината на Севрна Македонија сега многу малку зависи од сетовите и номенклатурите. Да станете министер, премиер или дури претседател не значи дека ќе имате посебна улога во промената на политичката насока на оваа земја, но може да имате голем удел во креирање на социјалната и економската полтика, и со тоа да го промените состојбата.

Сиромаштија, деморализација, депресија и самоубиство, рана смрт, склоности кон политички екстремизам, криминал и насилство, миграција – се едни од познатите социјални последици од невработеноста.
И овие последици се варијабилни меѓу населението, вклучително деца, млади, средовечни луѓе и постари лица, мажи и жени, рурални и урбани. Сиромаштијата и деморализацијата се универзални опасности. Депресијата и самоубиството се почести кај младите и средовечните луѓе, а особено кај мажите, кои го носат главниот товар за обезбедување опстанок во семејството. Миграцијата или желбата за миграција е исто така преовладувана кај оваа популација, која бегајќи од земјата во побогата земја гледа можност да добие работа од секаков вид, за да се обезбеди по пристоен живот на семејството (директните ефекти од невработеноста ги чувствуваат целото домаќинство и не само поединецот).
На Северна Македонија според потадоците на Заводот за Вработување невработеноста се намалила од година во година, но сепак бројките на невработени се огромни. Исклучени од активното учество на пазарот на трудот се особено жените, чие економско опкружување ги обврзува да вршат домашни работи и социјално да ги маргинализираат.
Сепак, жените се многу барани за средно платени работни места, како што се продавачи или вработени во приватниот и јавниот сектор. Ова го покажува истражувањета! Структурата за вработување исто така не остава простор за никаква надеж. Најголемиот работодавач на Северна Македонија е јавниот сектор, вклучително и јавни претпријатија.
Демократијата се заснова на граѓанинот, неговите права и обврските што власта ги има кон него. Овие обврски се утврдени со закон, што идеално треба да претставува кодифициран општествен морал, иако во реалноста ја одразува борбата меѓу политичките групи, изразена преку партиска организација. Преку застапеност, реализирана преку изборниот механизам, граѓанинот се наоѓа во позиција каде што го тврдат политичките сили кои учествуваат во изборната трка. Секоја партија тврди застапеност на граѓанинот, додека со ваков чекор партиска организација ја легитимира застапеноста што таа се стреми да ја направи. Политичката војна, преку застапеност, го трансформира интересот на граѓанинот, од збир на конкретни и прагматични интереси, во апстрактен колективен интерес, кој го губи првичното значење и има форма на идеологија. Идеологијата е симболичен план што посредува помеѓу граѓанинот и политичката борба што се одвива во рамките на апстрактната, но ограничена просторна арена (што е државата), иста апстракција со која граѓанинот останува легално и сентиментално поврзан преку граѓанска припадност (државјанство). Политичката борба својот привремен на крај го наоѓа во привремено преземање на улогата на суверена од страна на победничката партија, која ја спроведува својата политичка програма против очекуваниот отпор од другите групи на општеството.
Дестан Јонузи






