„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта
Доставите на нафта преку рускиот цевковод „Дружба“ за Унгарија се обновени по нападот со украински дронови врз трансформаторска станица на објектот, соопшти унгарската влада, пренесува ДПА.
Тој му се заблагодари на рускиот заменик-министер за енергетика Павел Сорокин за брзото отстранување на штетите. „Очекуваме Украина да не го напаѓа повторно овој клучен нафтовод. Ова не е наша војна, Унгарија мора да остане надвор од неа“, истакна Сијарто.
Цевководот „Дружба“, кој се наоѓа на околу 320 километри од украинската граница, обезбедува нафта за Унгарија и Словачка.