Државјанин на Албанија приведен поради нелегален премин на граница
Полицајците од граничниот премин Јажинце вчера откриле и привеле државјанин на Албанија поради сомневање дека нелелно ја преминал државната граница, а воедно немал и документи за идентификација. Тој бил откриен вчера околу 14 часот на место викано „Цигански гробишта“ во атар на с.Јажинце, тетовско.
-Полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Рогачево го привеле Ѓ.А.(21) од Република Албанија поради постоење основано сомнение дека извршил илегално поминување на државна граница и поради преземање на мерки за утврдување на идентитет, соопшти СВР Тетово.
Приведениот бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово, а по документирање на случајот било спороведен до Граничен премин „Блато“ за влез во Албанија.