Државјанин на Македонија завршил во затвор во Хрватска – лажел дека е лекар и заработил 270.000 евра
Хрватската полиција предупредува на измамници кои се преправаат дека се лекари на родителите, кажувајќи им дека животот на нивното дете е во опасност и барајќи голема сума пари за „итно неопходна операција“.
„Лицето се преставувало како доктор кој велел: Животот на вашето дете е во опасност. Се случила голема трагедија и потребни се пари за оваа тешка операција“, вели Марија Гоати, портпаролка на полицијата во Загреб за „Дневник“.
Измамникот во Загреб на ваков начин добил пари од осум очајни родители.
„Тоа се големи суми на пари, осум граѓани претрпеле штета од над 270.000 евра“, вели Гоати.
Полицијата го идентификувала измамникот како 26-годишен државјанин на Македонија. Набрзо завршил во затвор, а полицијата бара уште едно лице кое на сличен начин измамило две семејства.