Државјанка на Италија нападнала полицаец во Градски парк, престојувала нелегално
Деветнаесетгодишна државјанка на Италија е лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник при извршување службени дејствија во Градскиот парк во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 2 јули околу 04:40 часот, кога полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Г.Ф. (19) од Република Италија.
При преземањето на службените мерки било утврдено и дека странската државјанка нема регулиран престој во државата.
По целосното документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.





