Државата ќе ги иселува граѓаните што имаат стратешки минерали под својот имот!

Во екот на борбата за зачувување на животната средина и разгорените екобитки за хидроцентралите на Дошница, загадувањето на езерото Младост, поморот на риби во Тополка, за кој ОЈО отвори предмет, излевањето цијанид во Крива Река, протестите против масовната сеча во Преспа над Љубојно, како и предупредувачките протести против рудниците за мермер во Прилепско, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предложи два важни предлог-закони за геологија и за рударство, кои предизвикаа цунами од реакции меѓу граѓаните и екозаедницата, пишува Фокус.

Со овие закони, кои за Министерството се современи и стратешки, се заменува постоечкиот Закон за минерални суровини.

Законот е целосно усогласен со европската регулатива. Предлог-законите се во согласност со најдобрите европски практики и ја транспонираат REGULATION (EU) 2024/1252 од 11.4.2024 година, велат од Министерството, а двата предлози се достапни на ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи), каде што ќе бидат до 28.8.2025 година, за јавен увид и разменување мислења, предлози и забелешки од сите засегнати страни.

„Ги повикуваме сите чинители: експерти, општини, компании, граѓански организации и поединци – активно да се вклучат. Ова е можност за сите засегнати страни да влијаат врз креирањето правила што ќе го уредат секторот на геологија и рударство на долгорочно ниво. Целта е заеднички да се изгради најдобро можно законско решение, кое ќе обезбеди: подобра заштита на животната средина и строги еколошки стандарди при истражувањето, експлоатацијата и преработката на минералните суровини“, велат од Министерството.

(…)

Повеќе

Фото: Архива

Back to top button
Close