Државата има два концепти – Европска Македонија на чие чело сум јас или оној на ВМРО-ДПМНЕ за изолација и враќање во минатото, вели Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето во с. Селце, прилепско кажа дека тој е предводник на конпцептот за Европска Македонија кој значи заштита на македонската традиција и идентитет и сигурна европска иднина, за подобар живот на сите граѓани, а за разлика од него, на спротивната страна е ВМРО-ДПМНЕ чиј концепт ја води земјата во изолација и враќање кон минатото.

„Државата денеска има два концепти, едниот концепт на чие чело сум јас, тоа е концептот за Европска Македонија. Тоа е концет кој значи европска иднина, со кренати глави, заштитен македонски јазик, заштитен идентитет, да седиме на големата маса во Брисел, рамноправни. И јас го делам чувството на нашиот народ и ми беше тешко во разговорите и тоа го кажав како некој да ве сече со нож во стомакот. Но, на крајот на денот мора да се донесе одлука, да се обезбеди европска иднина. Другиот концепт е оној на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој концепт ја води земјата во изолација и враќање назад во минатото, да седи народот сам, раскаран со светот, со ЕУ. Имаме многу јасна разлика” кажа Ковачевски.

Тој вели дека патот до ЕУ ќе биде тежок, но е уверен дека до 2030 година земјава може да стане членка. Според него, на патот ќе има многу предизвици но македонските граѓани заслужуваат гордо и со крената глава да станат дел од унијата со подобар животен стандард. Тој додаде дека СДСМ е чувар на македонската традиција и предводник на македонската европска иднина.

„Тоа е вистинскиот патриотизам денеска! Ние сме чувари на македонската традиција и носители, предводници на македонската европска иднина. Денеска сите ние сме на вистинската страна, тоа е страната на напредокот, на развојот и интеграцијата”нвели Ковачевски.

За мерките за заштита на граѓаните, Ковачевски велидека двојно е покачена минималната плата, за само неколку месеци пензиите се зголемени за 10% а со новата методологија тие ќе продолжат да растат и во период од 12 месеци се очекува да има поголеми пензии за 16%.

“Просечната плата исто така постојано расте. Реализираме два пакети антикризни мерки вредни 700 милиони евра. Во духот на социјалдемократијата ги помагаме ранливите граѓани, оние на кои во криза помошта им е неопходна. Државата субвенционира 80% од сметките за струја за домаќинствата и за 72.000 компании. Обезбедивме доволно храна, енергенси и парно. Никој нема да биде оставен сам во време на криза, заедно ќе се справиме со сите предизвици” изјави премиерот Ковачевски.

Back to top button
Close