Државата продава три апартмани на Мијалков во Панорама резиденс за околу 2,5 милиони евра. Се продава и имот на Груевски
Нова тура на конфискуван имот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и екс премиерот Никола Груевски оди на продажба со лицитација, откако Владата ја процени неговата вредност и го одобри за огласување. Првиот „продажен циклус“ одобрен на една од последните владини седници треба да донесе најмалку 3,5 милиони евра во државната каса.
Најголема вредност имаат апартманите во „Панорама Резиденс“ на Мијалков, меѓу кои засега одобрена е понудата на три, а при тоа секој од нив вреди безмалку милион евра. Еден апартман од 200 метри квадратни и помошна просторија од 45 метри квадратни на Водно е проценет на стартни 860.000 евра. Одоколу толку е проценет и вториот, додека третиот кој е најмал ќе се продава со почетни 765.000 евра. Само овие три апартмани преку Агенцијата за управување со конфискуван имот на државата би и донеле најмалку 2,5 милиони евра.
Одобрена е и продажба на осум парцели кај Гевгелија во вкупна почетна вредност од 925.000 евра. Во јавното наддавање ќе има и стан во Охрид од 90 метри квадратни со почетна проценета вредност од 85.000 евра..
Ќе се продава и стан од 57 метри квадратни на улица „Бихачка“ со почетна понуда од 63.000 евра, исто така и втор стан на истото место но помал од 38 метри квадратни за 43.000 евра.
Се очекува државата да инкасира најмалку 29 милиони евра од запленетиот имот, пред се од предметот „Империја“, според она што претходно го најавија од Агенцијата за одземен имот. пред неколку месеци.
Повеќе на фактор.мк