Државата прво им одобри, а потоа им ги укина ваучерите на постдипломците

На 17 ноември, по повод Меѓународниот ден на студентите, Министерството за дигитална трансформација го објави повикот за ваучери во износ од 15.300 денари за купување електронски уреди за студентите. Уште истиот ден, многумина се соочија со технички проблеми, големи гужви и паднат систем. Дополнителен хаос настана кога државата прво им ги додели, а потоа ги поништи ваучерите на постдипломските студенти, бидејќи не ги исполнувале условите наведени во конкурсот.

„Јас сум постдипломски студент и првично добив ваучер, но подоцна ми беше поништен со образложение дека не спаѓам во групата на студенти кои имаат право на државната помош. Разочаран сум од начинот на кој беше спроведена мерката, бидејќи создаде забуна и непотребен стрес кај многу постдипломци како мене.“ анонимно сведочи студент на постдипломски студии.

– Advertisements –

Според правилата, право на ваучери има секој студент од прв циклус студии кој е помлад од 29 години, без разлика дали студира редовно или вонредно. Ваучерите може да се искористат до крајот на годината во однапред определени продавници за електроника.

Оваа мерка беше најавена уште во октомври минатата година и беше проследена со бројни проблеми, пропусти и незадоволство кај студентите.

На социјалните мрежи студентите споделуваат свои искуства, укажувајќи на хаосот што настанал уште првиот ден од објавувањето на повикот.

С.Т

Back to top button
Close