Државна пошта едвај преживува, а приватните доставуваат и јадење

Драстично е зголемен интересот за лиценци за работа во поштенскиот сектор. Имено, во последни шест месеци вкупно 11 нови лица поднеле нотификации за добивање на општо овластување. Ова беше истакнато на денешната 16. Седница на Агенцијата за пошта на која, директорката на Агенцијата Билјана Аврамоска Ѓореска истакна дека во период од јануари до јуни оваа година биле поднесени вкупно 16 нотификации за добивање овластувања на пазарот на поштенските услуги.

– Поднесени се 16 нотификации за добивање на општо овлстување, по барање од 12 правни лица од кои потенцирам 11 се сосема нови во поштенскиот сектор. Од тие нови субјекти кои се појавија на пазарот на поштенските услуги, општи овластувања се издадени на шест правни субјекти, за два постапките се во тек, додека за три правни субјекти постапката е запрена и е поднесено решение за одбивање на барањето – изјави Ѓореска.

На средницата воедно беше истакнато дека во 2020 година бил забележан пад, односно во оваа година работеле 47 даватели на услуги, а годината била завршена со 41 дозвола за работа.

Последната анализа на Агенцијата на пошта покажала дека пандемијата е добар инструмент, но и тест за приспособливоста на услугите во поштенскиот сектор. Според директорката на Агенцијата, кризата со короанвирусот покажала колку тие се подготвени за промени.

Во статистичи извештај е направена компарација помеѓу првото полугодие за 2020 година споредбено со истиот период во 2019 година.

– Во 2020 година имаме 3.458 вработени во секторот што значи зголемување од 17 отсто. Овој процент се однесува поединечно и на Поштата на РСМ, како и на приватните даватели. Кај приватните даватели на слободниот пазар овој број е зголемен за околу 42 отсто што е резултат на условите предизвикани од пандемијата и потребата за онлајн нарачки и достава до дома, што ја зголеми потребата од што повеќе луѓе кои што ќе работат во секторот на достава со цел да се излезе во пресрет на корисниците и нивните потреби за онлајн нарачки. Имајќи ја предвид изминатата година која беше под силно влијание на ковид-19 и предизвиците со кои беше соочен поштенскиот пазар, исклучително е важно да се напомене дека поштенскиот сектор успешно се справи со сите предизвици и тоа го потврдувам со податокот дека вкупниот обем остварен во 2020 е зголемен во однос на 2019 година – потенцира Раководителот на Директорат за анализа на пазарот – Даниела Спасиќ -Томовска

Таа додаде дека на светско ниво е забележано намалување на поштенскиот пазар, но дека тоа не е случај кај нас, бидејќи бележиме зголемување на обемот на услуги од 1,4 отсто.

– Пошта на РСМ имаше ексклузивно право да обезбедува пратки за кореспонеденција во внатрешниот поштенски сообраќај и пратки кои пристигнуваат од надвор во државава од Меѓународниот поштенски сојуз и во такви услови во текот на 2020 година Поштата на РСМ остварила вкупен обем од над 34 милиони поштенски пратки при што е забележан пад од 4,12 отсто во однос на 2019 година. Од остварениот поштенски обем во Пошта на РСМ најголем процент се услугите од обезбедување на пратките за коресподенција, давателите на слободниот пазар во 2019 бележат намалување на пратките за кореспонденција и сконцентиррање на нивното работење на пазарот на услугите на пакети обемот на пакетите бележи зголемување од 57 отсто, доколку се сметаат заедно со малите пакети има зголемување од 67 проценти што посочува дека давателите на слободниот пазар приматот го имаат во обезбедување на услугата пакети – рече Томовска.

Информира дека процентот на вкупно остварените приходи од поштенскиот сектор во однос на вкупните приходи во РСМ изнесува 0,3 отсто во однос на вкупниот остварен БДП во 2020 година, вкупниот приход кај сите даватели на поштенските услуги во 2020 во однос на 2019 е зголем за околу 11 проценти и заклучи дека ова зголемување е остварено од страна на давателите на поштенски слуги на слободниот пазар.

Учесниците соопштија дека споредбено со минатата година, за овој период , бројот на поднесени претстави до Агенцијата бил двојно зголемен.

– Изминатите години причините за малиот број на преставки беа лоцирани во ниската свесност за проблемот и недоволната информираност на корисниците на услугите. Овој проблем полека се надминува односно корисниците се повеќе пристапуваат кон поднесување на приговори и писмено комуницирање со Агенцијата – појасни директорката на Агенцијата.

На седницата воедно беше истакнато дека Агенцијата на пошти првпат ја лиценцира платформата „нарчај.мк“, која е позната како интернет платформа за достава на нарачка на готова храна од ресторани , но и дека оваа платформа ќе овозможува и интегрирани услуги на територијата на град Скопје.

Back to top button
Close